Бебе со туберкулоза се бори за живот на Детска клиника

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести, објави телевизија Сител

Веднаш е поставено на механичка вентилација откако синоќа во тешка состојба било донесено со возило на Брза Помош од болницата во Козле. Дали сомнежот за заразната болест која претходно ја имала мајката ги става во опасност новороденчињата и малите пациенти на одделот, директорката на установата тврди дека не постои никаква закана.

Advertisements

Професор Нацева Фуштиќ во изјава за Сител вели дека постапуваат по пропишани протоколи, но бебето е во многу тешка состојба и има само три килограми.

На детска дополнително ќе прават анализи за евентуално докажување на заразата, но како што вели проф. Фуштиќ за Сител, бебињата не можат да ја пренесуваат. Но она што загрижува кај овој случај е што деветмесечното бебе прво од Куманово било испратено на детска хирургија за третман на хернија, оттаму поради сомнеж за туберкулоза го препратиле во Козле откаде пак поради тешката состојба завршил она детска Клиника.