Беќаровски: Работната недела на автопатот Кичево – Охрид е 20 минути неделно!

Граѓаните кои продолжениот празничен викенд го искористија за да се одморат во Охрид реагираат на социјалните мрежи за одолговлекувањето на градежните работи, дури и велат дека сега се патува многу подолго, отколку порано. На реакциите се приклучи и познатиот доктор Нико Беќаровски.

„Работната недела на автопатот Кичево – Охрид веројатно е 20 минути неделно, или се лажам ??
За три месеци од моето последно доаѓање асфалтирани се „цели” нови 300 метри, реагира на Фесјбук д-р  Беќаровски.