ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска со прекина на водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците од општина Центар.
Како што информираа од таму, поради изведување на водоводен приклучок на улицата Кеј 13-ти Ноември бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Истарска и Маџирмаало.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршувањето на интервенцијата.


