Битиќи: Ако има потреба ќе го решиме и проблемот со превозот во Скопје

Ако има потреба ќе го решаваме и проблемот со јавниот превоз во Скопје, но тоа ќе значи одземање на ингеренции или некои други суштински проблеми, рече вицепремиерот за екномски прашања, Фатмир Битиќи, запрашан дали Владата ќе учествува во изнаоѓање решение на проблемот со приватните превозници и град Скопје.

„Сметам дека градот Скопје конечено треба да се одважи и да седнат со превозниците и да го решат проблемот. Ако не е возможно, ние докажавме дека сме тука за граѓаните, го решивме проблемот со топлинската енергија, го решаваме проблемот со електричната енергија во целата држава. Ако има потреба може ќе влеземе и во решавање на овој проблем, но тогаш тоа ќе значи нешто друго, дали тоа ќе биде одземаање на ингеренции, или некои други суштински промени, не знам, но вакво однесување не само што е на штета на граѓаните, туку и на целокупното функционирање на градот Скопје“, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку време треба да се чека за Владата да преземе конкретна акција, Битиќи истакна дека процесот за одземање на ингеренции не е едноставен.

Advertisements

„Ние се бориме последните 20 години за децентрализација, тоа е одлика на големите држави, на развиените земји, одземањето ингеренции е враќање назат за 20 години. Ние повикуваме на разум и дека никој нема штета од разговори. Секако градот Скопје има свои аргументи зошто сметаат дека се изманипулирани, превозниците пак имаат свои агруметни, добро е што едно од здруженијата се повлече од протестите, сметам дека е тоа добар чекор кон изнаоѓање решение, за што се потребни две разумни страни“, рече Битиќи.