Пред отпочнување на судскиот процес Кривичниот суд донел решение за блокирање на сметките на болницата „Жан Митрев“, од каде што оваа постапка ја толкуваат како обид за нејзино затворење, информираат преку соопштение од Клиниката.
„Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес. Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките. Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање“, се вели во соопштението.
Од приватната болница оваа постапка на судот ја оценуваат како брутална блокада позади која има „нејасна позадина“.
„Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес. Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на Клиниката Жан Митрев“, се вели во соопштението.
Од „Жан Митрев“, појаснуваат дека со блокадата се засегнати и други правни лица.
„Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. „ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев.“ Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал. Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз Клиниката Жан Митрев, се вели во соопштението од Клиникат“, велат од болницата.