Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук објави информации за состојбата со младиот Никола, кој замина на лекување во Турција.
„Во телефонски разговор попладнево младиот Никола нѐ информираше дека болницата во Турција ја презема обврската за неговото лекување и првиот третман за прием на терапија е закажан за 24 април. Првиот чекор е направен и враќање назад нема!“, напиша Стефковски.
Во меѓувреме, тој најави голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото „Подај рака за Никола“ на кој покровител е Стефковски.
„Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста! Заедно со Никола ќе победиме!“ напиша Стефковски.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
ВИДЕО „Голем ризик е спојувањето на безбедносните структури“ - Филипче се сретна со Сиљано...
Левица бара кривична одговорност за инспектор кој замижува пред дивоградба среде чаршијата...
„Не сакам да се занимавам со оваа разрушена држава“ - Борисов ја повлече кандидатурата за ...
ЕУ му подари шест еколошки автобуси на ЈСП
ВМРО-ДПМНЕ: „Во СДСМ ништо не е сменето - заменичката на Филипче е продолжена рака на Заев...