Трудница утрово заглавила во лифт во една од 40 катниците во скопски Аеродром, откако ЕВН ја исклучило струјата поради неплатени сметки. За случајот информира Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи на прес конференција.
Тој вели дека неколку граѓани се јавиле во Центарот за управување со кризи за да известат за проблемот.
„Со ЕВН е стапено усно во комуникација. Без да навлегуваме во имотно-правните побарувања и обврски меѓу ЕВН и кулата Б од Џеваир, конкретно управителите кои ја стопанисуваат оваа кула, апелираме до ЕВН и до управителите да не дозволат да се повтори ваква состојба, бидејќи хипотетички во оваа четириесеткатница, во некои од лифтовите, може да заглават станари. Не треба да чекаме некој да настрада, некој да умре, да биде повреден, за навремено да се реагира. Го повикуваме и управителот на кулата, кој е должен да обезбеди агрегати за производство на струја, за да се премости ваквата несакана ситуација“, рече директорот Ангелов.