На денешниот форум на ЕУ со Западен Балкан кој се одржува во Скопје, еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс кажа дека Брисел не бил консултиран, а измените на Кривичниот законик беа изгласани со европско знаменце и затоа Комисијата ќе бара одговори на билатерално ниво, јави ТВ 24.
„Прво бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата, консултации за таква реформа. Пред носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК, пред носењето на таков тип на законодавство. Како што реков, со некои земји секако треба да бидеме воздржани, да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка“, вели еврокомесарот Рејндерс.
Тој најави дека ќе се бараат одговори дали ќе продолжи кривичните гонења.
„Тоа, секако ќе биде дискусија на билатерално ниво. Изразивме мислење, за тоа, имаме загриженост во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината, секако сакаме, прво да се осигура да не изостане кривично гонење на случаи од висок профил. Она што веќе го видовме изминатите месеци“, вели еврококомесарот за правда.
Рејндерс повика да се почека целосната оценка на Европската комисија во извештајот, кој на осми ноември ќе биде презентиран во ЕУ.
На прашање , каква е оценката на Брисел за правосудниот систем во земјава, тој одговори дека тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво и тоа не само за Кривичниот суд, туку и за реформите во законот и за капацитетот за гонење, како и за ситуацијата со Судскиот совет и оние промени кои беа направени.
Еврокомесарот за правда, неколку пати потенцираше дека владеењето на правото е заеднички приоритет на земјите- членки и земјите кандидати за влез во ЕУ.