Корупцијата во Македонија се влошува, не се подобрува, порачува британскиот амбасадот во земјава, Метју Лосон во неговиот коментар на „Твитер“, кој го напиша во чест на 9-ти декември, Светскиот дена на борба против корупцијата.
„Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Македонија се влошува, не се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, таа создава голема недоверба во судството и ги ослабува институциите во државата“, се вели во коментарот на бритнаскиот амбасадор во Лосон, порачувајќи дека Велика Британија ќе застане до Македонија во справувањето со корупцијата.
Recent troubling reports suggest that corruption in ?? is getting worse, not better. Corruption undermines the rule of law, creates distrust in the judiciary and weakens public institutions. ?? stands with ??. Absolutely crucial to tackle this. #AntiCorruptionDay #IACD2022 pic.twitter.com/ouUXrKsYhG
— MatthewLawsonUK (@MatthewLawsonUK) December 9, 2022
Коментарот на британскиот амбасадор во земјава, доаѓа по неколку директни посочувања на проблемот со корупцијата и од страна на амабсадорката на САД, Анџела Агелер, која помеѓу другото обелодени дека и специјален тим од Вашингот е пристигнат за по агресивно истражување на корумпираните актери во Македонија.
По повод Светскиот ден на борба против корупцијата, денес се очекува Стејт Департментот да ја обнови „црната листа“ на САД, која е еден од инструментите на администрацијата во Вашингтон за борба против корупцијата.