„Брутална партизација на судството од страна на ВМРО-ДПМНЕ“ – Кузеска за новиот избор во Судскиот совет

Наместо реформи гледаме бртална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Скандалозен е изборот на Данка Ристова за нов член на судскиот совет, избарана е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов.

Ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот. Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега.

Advertisements

Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело“, рече Кузеска.