Бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“ вели дека неговата влада нема причина да го смени ставот кон Македонија и очекува нашата земја да ги исполни обврските преземени од францускиот предлог.
Тој вели дека ветото било укинато со тоа што се согласиле да се спроведе францускиот предлог и дека разговорите не се помеѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Македонија и ЕУ.
Запрашан дали бугарскиот став кон Македонија ќе се смени затоа што некои политичари во Скопје се надеваат дека може да се случи нов европски притисок кон Софија, Денков рече:
„Апсолутно не. Со спроведувањето на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, всушност разговорот веќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу РСМ и ЕУ. Она што се очекува е нашите соседи да ги исполнат обврските преземени кон ЕУ. Нема причина да го смениме нашиот став“, вели Денков.