Царинската управа, како што пишува Порталб.мк потврдила дека двајцата цариници кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца да ја помине границата со Бугарија се казнети, односно едниот бил отпуштен од работа, а другиот бил казнет со намалување на платата за 15 отсто за период од шест месеци. Вториот цариник веќе е вратен на работното место.
Цариниците избегнаа кривично гонење во судскиот процес, по автобуската несреќа во Бугарија кога животот го загубија 45 лица. Тие беа казнети затоа што не го евидентирале електронски излезот на возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот „Беса транс“ од Скопје, туку само го завериле евидентентиот лист за превоз на патниците.