Честит ден на Армијата на Македонија, власта не е посилна од народот, НЕ за уставни измени, порача Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честита 18 август, Денот на Армијата, а се осврна и на денешното гласање во законодавниот дом за уставни измени.

„18 август, честит ден на Армијата на Македонија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот. Не за Уставни измени под бугарски диктат!напиша Мицкоски на Фејсбук.

Пратениците од опозицијата остануваат на своите ставови пред почетокот на денешната собраниска седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измени на Уставот.

Advertisements

„НЕ за уставни измени! Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно – политички континуитет. Македонија е реализација на желбите за независна држава на вековните копнежи и борби на Македонците! Затоа ниедна наметната власт, ниедна сила и притисок не може да не натераат да се избришеме, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на „Фејсбук“.