Чествување во Париз – 133 години од раѓањето и 92 години од смртта на големиот македонски онколог и научник д-р Анастас Коцарев

Денеска во француската престолнина Париз, претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, градоначалникот на Охрид д-р. Кирил Пецаков, претставници од македонските заедници од Франција и Швајцарија како и високи претставници на градската власт од Париз на чело со градоначалникот на општина Бонди, Стефан Ерве ја одбележаа 133 годишнината од раѓањето и 92 годишнината од смртта на големиот македонски онколог и научник д-р. Анастас Коцарев.

Анастас Коцарев по потекло од старо охридско семејство, е македонски деец и лекар онколог. Медицинскиот факултет го завршил на Женевскиот универзитет каде што работи и како асистент на универзитетската клиника.

Својата кариера ја продолжува во Париз каде продолжува со истражувањата на Академијата за медицина во Сорбона, Париз. Таму тој продолжува да работи на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум заедно во соработка во Марија Кири-Склодовска која во тоа време била професор и директор на лабараторијата за радиум на Универзитетот во Сорбона.

Advertisements

Бил еден од пионерите на радиотерапијата,  но и на радиографијата. Коцарев е прв во светот кој направил рендографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Умира во Париз на 28 март 1931 година под неразјаснети околности.