Четири бебиња се родиле во тек на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, соопшти директорката Викторија Јовановска.
Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња.
„Една минута после 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. После 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски“, изјави Јовановска.
Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба.