Четириесетдневен помен за Александар Коцарев на 8 мај во црквата Свети Димитрија во Скопје

На 8 мај се навршуваат 40 денови од прераната смрт на нашиот пријател, другар и кум Александар Коцарев, објави на социјалните мрежи Зоран Димитровски Жоро.

„Поради тоа што неговото вечно почивалиште се наоѓа во Охрид, а голем број негови пријатели не беа во можност да присуствуваат на погребот, во среда на 8 мај во 12 часот ќе одржиме помен во црквата Свети Димитрија во Скопје. Ве покануваме да му оддадеме почит на нашиот Сашо“, вели Димитровски.