Членови на ВМРО-ДПМНЕ повикувани на информативни разговори во полициска станица

Имам информација дека членови на партијата се повикувани на информативни разговори во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делечев на 4 февруари, но не треба да се создава паника, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на тоа што настанот на 4 февруари ќе биде настан од висок ризик и дали членови на партијата се повикувани во полициска станица.

„Па имам такви информации но сега за сега не би сакал и не треба да создаваме паника, ние сме навикнати ние пет години живееме под политички терор на владата на СДСМ и ДУИ, навикнати сме едноставно отпорни сме на сето тоа, повикувани се ќе бидат повикувани, се до моментот додека оваа влада не замине, потоа тие кои што ја злоупотребуваат таа позиција ќе треба да дадат одговори на многу прашања, и тогаш треба да бидат силни како што се сега силни, знаете кога ќе сте во институциите имате чувство дека, ако малку помалку имате животно искуство дека сте семоќни, но доаѓа денот кога ќе треба да дадете одговори на многу прашања и потоа нема бегање, нема плачење, нема лелекање, нема кукање, ќе треба да се дадат одговори а тој ден доаѓа. Месеци се во прашање кога ќе дојде денот кога многумина во оваа држава тоа што го правеа во овие 5 години ќе треба да дадат одговор“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокации, мирно, чесно и достоинствено да го чествуваат великанот Гоце Делчев.

Advertisements