Докторот Нико Беќаровски реагира на Фејсбук дека бил злоупотребен во реклама за лек за кардиоваскуларно болести, односно измислено интервју објавено во медиуми во соседна Србија.
„Почитувани мои пријатили од Србија, ако постои адвокат кој би покренал судски спор против Вашиот портал kurir.rs, со задоволство би сведочел. Лажењето на очајни пациенти е невиден злочин и мораме некако да им застанеме на патот – стои во неговиот пост, на кој исто така го има додадено и линкот на кој се гледа наводно интервју кој тој го дал за медиумите во соседството.
Ова не е прв пат наши лекари да реагираат на овие лажни реклами. Пред извесно време Арбен Таравари исто така на социјалните мрежи предупреди дека неговото име е злоупотребено во реклама за производ за слабеење.