Д-р Јовев доби понуда од министерот да му биде советник, кардиохирургот останува да работи на клиниката

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го повика разрешениот директор на кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, да стане дел од неговиот кабинет, како национален советник за кардиохирургија.

Меџити тврди дека нема никаков личен проблем со д-р Јовев и оти тој ќе продолжи да биде дел од Клиниката.

„Професорот ќе продолжи да работи како професор на матичната клиника и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги. Го повикувам да биде национален советник за кардиохирургија. Ќе ја има мојата посветеност и поддршка во натамошното работење на професорот и посебна благодарност до него и до тимот за трансплатација“, рече министерот Меџити и додаде дека разрешувањето на д-р Јовев е само дел од промените кои тој ги прави.

Advertisements

„Сегде ќе има инспекции, каде ќе има нерегуларности и индиции за злоупотреба, ние таму и ќе постапиме“, додаде Меџити.