Д-р Јовев е разрешен затоа што е Македонец – Димитар Апасиев

Димитар Апасиев, лидерот на Левица и пратеник на социјалните мрежи реагира на разрешувањето на д-р Сашко Јовев од директорското место на Клиниката за кардиохирургија кое предизвика бура од реакции и барања до министерот Фатмир Меџити и владата да ја преиспитаат ваквата одлука. 

Ај да бидеме реални. Доктор Јовев е разрешен и затоа што е Македонец. Да беше по Рамковен, никој немаше да го пипа“, вели Апасиев.

Докторот кој вчера пред Клиниката за кардиохирургија доби огромна поддршка од своите колеги и пациенти рече дека цврсто стојат на ставот дека тимот кој победува не се менува.

Advertisements

Д-р Јовев повика да се остави политиката на страна, а професионалнците да си ја вршат работата.

„Успесите на оваа клиника се и државни успеси. Сакам да кажам дека на оваа клиника се работи 24/7. Една од замерките е дека некој не се откуцал со картичка оти бил расипан апаратот и сме немале време да го поправиме. Па ако колегите се откуцуваат колку што работат, нема да можеме да ги платиме“, рече Јовев.