„Да изгубиш дете, нема поголема тежина, треба да се суди правилно“ – возачот кој прегази момче и побегна доби 2 години и три месеци казна затвор

Семејството на загинатото десетгодишно момче кое беше прегазено на Пластичарската улица во Скопје, ќе се жали на судската пресуда за обвинетиот возач кој побегнал од самото место и не укажал помош на жртвата, а денеска доби две годишна казна и три месеци за тешки дела против безбедноста во сообраќајот.

„Очекував казна затвор од 10 години. Да губиш дете на десет години, ова не е реално. Кога губиш дете како ќе се чувствуваш, од тоа нема повеќе тежина, не пожелувам никому ова да му се случи, ама ако имаме држава треба правилно да се суди, вели Себастијан Асановски, татко на настраданото момче  Емануел Асановски во изјава за Канал 5.

Како отежнителни околности, како што јави Канал 5, судијката Марија Клетничка Марковска ги наведе тежината на делото, не застанување да укаже помош на момчето, како и пречекорената брзина за 26 кмч. Меѓу олеснителните пак беа посочени младоста на обвинетиот, искреното каење и признавање на вината, како и тоа дека дел од вината била и кај момчето, кое преминувало улица каде нема пешачки премин.

Advertisements

Несреќата се случи на 12 октомври.. Уште истата вечер полицијата го пронајде Зеќири кој со возило мерцедесот го напуштил местото, поради како што тврдеше на минатотот рочиште, страв од физички напад, и оттогаш тој е во домашен притвор.

По барање на обвинетелството во домашен притвор ќе остане и натаму до правосилноста на пресудата.