Денеска е годишнина од масакрот во Вејце, кога бунтовниците на ОНА од заседа убија осум припадници на македонските безбедносни сили на 28 април 2001 година. Дел од убиените биле живи запалени, а по убиството телата на мртвите бранители беле масакрирани.
Загинатите беа на возраст меѓу 24 и 30 години: Роберт Петковски (27) од скопско Бунарџик, Игор Костески (26) од Кисела Вода, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Марјан Божиновски (27) од битолско Горно Оризари, Илче Стојановски (24) од битолско Породин, Бошко Најдовски (25) од битолско Долно Оризари, и Кире Костадиновски (24) од битолско Горно Оризари.
Министерството за одбрана бара да се постави спомен обележје во чест на загинатите припадници на безбедносните сили во масакрот кај Вејце, тетовско. Иницијативата, потпишана од министерката Славјанка Петровска, е поднесена согласно членот 18 од Законот за меморијални споменици, а со цел оддавање почит на загинатите борци.