(ФОТО) Дали со казми и хилти ќе го уништите и овој локалитет? – предупредување од „Охрид СОС“

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира на социјалните мрежи во врска со парцела на локалитетот Манчевци, предвидена за изградба на станбена зграда, а на која во моментов се вршат археолошки истражувања.

Од „Охрид СОС бараат одговори од надлежните дали докрај ќе се истражи теренот или ќе ја доживее судбината на локалитет во близина кој бил уништен.      

„На угорницата по „Илинденска“, веднаш до ранохристијанската базилика на локалитетот „Манчевци“ изминатиов период се вршат археолошки истражувања, на парцела на која имаше табла дека треба да се изгради станбен објект. Според фотографиите, откриено е доста, во само еден сегмент од парцелата. Уште еден слој на културно наследство. Дали овој локалитет целосно ќе се доистражи, на поголема површина, дали соодветно ќе се заштити и можеби ќе се претстави на јавноста во слично светло како и соседниот, или пак ќе ја доживее судбината на локалитетот неколку куќи погоре, кој со хилти и казми беше уништен и покриен со бетон?“, предупредува СОС Охрид на социјалните мрежи.

Advertisements