Дарко Димовски остави длабок белег во борбата за правата на работниците – почина на 45 години

По кусо боледување, почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), соопшти Синдикатот. Имаше 45 години.

„Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија“, вели ССМ.

Димовски беше избран за претседател на ССМ во декември 2017, а претходно беше претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).

Advertisements

Погребот ќе биде утре, на 12 јуни, во 13 часот, а од 12 часот посмртните останки ќе бидат во капела на градските гробишта Бутел.