Пратениците од СДСМ бараат оставка од претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи, откако таа предложи заклучоци со политичка одговорност на Венко Филипче, Нино Васев и други четворица функционери за скандалот на онкологија.
Како што може да се види на фотографијата, очигледно на некои пратеници не им е местото во оваа Комисија, поважно им е да режираат сценарија со кои ќе ѝ го изгубат времето на Комисијата, отколку сериозно да се зафатат со работа и утврдување одговорност и тоа со име и презиме за случувањата на Онкологија кои ја потресоа Македонија.
Како што објавивме претходно пратеничката и претседателка на Анкетната комисија Рашела Мизрахи вели дека одговорноста на посочените функционери според Комисијата е поради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.
Освен Филипче, кој беше министер за здравство во периодот од декември 2017 до јануари 2022 година Комисијата предлага за одговорни да бидат прогласени и д-р Нино Васев, медицински директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од јуни 2017 година до ноември 2022 година, Нехат Нухи, организационен директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од 2021 до април 2023 година, д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 2017 до август 2022 година, Стево Крстевски, директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од ноември 2020 до април 2022 година, Фатон Ахмети, втор директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од октомври 2020 година август 2023 година.