Демократски сојуз: Македонците во Албанија се под притисок на Бугарија за пописот, државниот врв веднаш да реагира

Демократскиот сојуз ги повикува сите Македонци во Албанија на пописот слободно да ја искажат својата национална и верска припадност, како и мајчиниот македонски јазик на кој зборуваат и да не им обрќааат внимание на заканите на претставници од Бугарија.

„Националната свест има највисока цена и со ништо не може да се промени. Демократскиот сојуз го повикува државно-политичкиот врв да се вклучи во заштитата на Македонците од бруталниот притисок на Бугарија во Албанија во врска со пописот на населението“, велат од партијата.

Демократскиот сојуз бара Владата изворно да ги следи сите недемократски и незаконити активности на претставници на Бугарија врз Македонците, секојдневно да ги информира и најостро да реагира пред Советот на Европа и Европската унија за грубото мешање на Бугарија во пописот на населението во Албанија заради менување на националната свест на Македонците.

Advertisements

Партијата до функционерите порача: доста долго сте во САД, време е да се вратите во државата и да се фатите за работа.