Демократски сојуз: Владата нема легитимитет, а има мнозинство пратеници кои можат да го распуштат парламентот

Демократскиот сојуз смета дека во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден.

„Од 13 март 2024 година почнуваат уставните и законските рокови за одржување претседателски избори, при што парламентарните партии кои можат да формираат мнозинство за распуштање на парламентот треба да го утврдат изборниот тајминг.

По катастрофалниот Извештај на Европската Комисија и колапсот на владините институции, дуизацијата и криминализацијата на државата, сосема е извесно дека Владата нема легитимитет и натаму да владее. Натамошното опстојување на Владата под водство на ДУИ го загрозува единството и националните интереси на Македонија.

Advertisements

Ја поздравуваме најавата на Алијансата на Албанците дека не сака и натаму да биде „патерица на ДУИ” и се приклучува на определбата на опозиционите партии за што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање избори“,вели Демократски сојуз.