Десетмина осомничени за пожарот во Кочани остануваат во притвор, нема одлука за Бектеши

Основниот суд во Кочани досега донел решенија за продолжување на краткотрајниот притвор од 48 часа за десет лица во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, додека за останатите шест се уште се одлучува.

Според информациите на МИА, за продолжување на притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши се уште не е донесена одлука.

ЈОРСМ информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.

Advertisements

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Во пожарот во дискотеката Пулс во неделата рано наутро загинаа 59 лица, додека над 150 се повредени.