Деспотовски пак ќе бие битка за лидер на СДСМ – „Секогаш можеме подобро“

Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ во емисијата „10 минути“ на ТВ21 изјави дека на следните избори на СДСМ, можеби повторно ќе се кандидира за претседател на партијата.

Деспотовски беше кандидат и по заминувањето на Зоран Заев, но тогаш довербата ја доби сегашниот лидер Димитар Ковачевски.

На прашање каква е соработката на Деспотовски со Ковачевски тој одговори:

Advertisements

„Соработуваме, јас сум дел од тимот. Резултатите во сегментот каде што сум задолжен се тука, со поддршка на премиерот. Можеме секогаш подобро. Имаме изборен циклус кој следи следната година, добро е да седнеме и да дефинираме што е добро и да одиме со поамбициозен план. Простор за работа има многу. Чесно е да кажеме дека секогаш можеме подобро. Зошто да не, размислувам повторно да се кандидирам за лидер на СДСМ. Но, мене ми е многу  поважно да знам со што ќе истрчаме пред луѓето“, рече Деспотовски.