Власта да не се однесува како бугарска провинција и да преземе мерки, доколку е потребно, во однос на европратеникот Ангел Џамбаски, ако тој планира провокации на 4 февруари, нагласи Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи, во емисијата „Утринска“ на Телма.
„Тоа се територијални претензии и мора да се однесуваме како држава, а не како бугарска провинција и апсолутно целосно легитимно е да преземеме мерки, но се потекнува од првото – да се соочиме дека ќе има проблеми со Бугарија ако се преправаат дека не постојат“, вели Димитров.
Тој ја искритикува власта дека секое утре се буди со извинување кон Бугарија.
„Нас ни треба пред сè да избегаме од оваа панична автоцензура, во која ќе треба денот да го започнуваме со извинување кон Софија, Треба да се смириме, да седнеме широко и да видиме како да излеземе од овој чвор. Немаме правна гаранција дека ова воопшто води кон ЕУ, нека влезе некој европски олеснувач да седне со историчарите, ако Бугарија има црно на бело дека сме вештачки, па Берлин и Париз нека дадат свои официјални изјави дека се радуваат дека еден ден македонскиот јазик ќе стане дел од ЕУ. Ова со амандманите е врзано со негацијата, да разговараме и за Бугарите во Уставот, но да влезе во сила кога ќе станеме членка во Брисел“, вели Димитров.