Неуставна „уставна” работна група…Во оваа фаза, непотребно е, а и не е предвидено ниту со Уставот на Република Македонија, ниту со Деловникот за работа на Собранието било каква експертска или работна група за пишување уставни амандмани, реагира Илија Димовски, поранешен пратеник.
„Тоа што го прави Министерство за правда е преземање на надлежност од Собранието и тоа во време кога не смее ниту Собранието да презема активности за пишување на некакви амандмани…Единствено што смее и може да направи Владата е да достави пишана иницијатива за започнување на постапка, но не и амандмани…
Доколку Собранието со 2/3 мнозинство ја одобри таа иницијатива, после позитивна препорака од собраниската Уставна комисија (чиј Претседател секогаш бил Претседателот на Собранието на Република Македонија), дури тогаш во оваа држава смеат да се пишуваат уставни амандмани…Се друго е злоупотреба на службена должност, правен хазард, трошење буџетски средства и политичко силување на цел еден народ“, пишува Димовски на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„Нашите црвени линии ги дефиниравме, не се поместуваме ниту милиметар“ - Мицкоски за устав...
Парите на граѓаните се делат зад затворени врати - Бојковски бара и советниците да ја крој...
ВИДЕО „Голем ризик е спојувањето на безбедносните структури“ - Филипче се сретна со Сиљано...
Левица бара кривична одговорност за инспектор кој замижува пред дивоградба среде чаршијата...
„Владата на СДСМ даваше кредити со камата од 1,6 отсто“ - Филипче негира дека унгарскиот к...