Генералниот директор во Фондот за здравствено осигурување Фатон Ахмети на социјалните мрежи објави дека заминува од функцијата.
Тој својата оставка кратко ја образложи дека во иднина ќе се посвети на партиска работа.
„Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“, објави Ахмети на социјалните мрежи.
Фондот за здравство го водат двајца директори, освен Ахмети која на ова место дојде во 2021 година на таа функција е и Магдалена Филиповска-Грашкоска. Се очекува Владата да назначи нов човек на тоа место.
Ахмети стана прв човек на Фондот за здравствено осигурување во 2021 г. а неговото директорување ќе се памети по тоа што среде хаварија со системите во ФЗО тој беше во САД, додека вработените не можеа да земат плата, а сигурениците лекови.
Ахмети, тогаш објасни дека во САД престојува на покана на Стејт департментот на програмата ИВЛП, а не дека е на годишен одмор како што го обвинуваа.