Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски се одлучил да даде оставка од функцијата по последните трагедии што го тресат битолското здравство, објави вечерва Независен.
„Утре ќе ја депонирам оставката како директор на битолската клиничка болница. Тоа ќе биде официјално и од морални причини“, ни изјави д-р Обедниковски.
Тој е еден од младите и надежни лекари во Клиничката болница, но како менаџер го потресоа трите несреќи за период од само 40 дена. Смртта на двете деца, Јана Христовска (6) и 12-годишното момче од селото Лера, како и трагедијата од вчера кога почина новороденче, беа силен удар за директорот Обедниковски и тој одлучи да се повлече од функцијата, пишува Независен.