Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во врска со денешната акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информира дека директорот на болницата за геријатрија, Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно лице во геријтриската установа во износ од 20.000 евра.
Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра .Директорот, заедно со посредник, барале и примиле поткуп за сместување болно и неподвижно лице во геријатриска установа. Продолжуваме посветено да делуваме во насока на расчистување на корупцијата и организираниот криминал, придонесуваме за обезбедување на правдата, правични и транспарентни институции. Не дозволуваме и нема да дозволиме ваквите случаи да останат неказнети“, пишува Јанев на Фејсбук.