„ДПМНЕ се манипулатори, така ги научи Груевски, ќе не дозакопаат“ – Ковачевски во Битола

Повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални. Сите се сеќаваме како изгледаше кога менторот на Мицковски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното. Мицковски, само ќе продолжи таму каде што неговиот ментор застана, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нѐ дозакопа и ќе не дозаглави, само за своја лична сатисфакција, рече лидерот Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

-Нашите политички противници ветуваат лесни решенија, лиферуваат идеи и предлози кои и самите знаат дека не можат да ги исполнат и само критикуваат. А кога ќе ги прашате која е нивната визија и алтернатива за Македонија – тие нити знаат, нити кажуваат, нити имаат план. Тие се ескпертски манипулатори, на тоа ги научи Груевски. Тие нема да мрднат ни милиметар кон Европската Унија, и кога нема да има никаков прогрес, не само што нема да си ја признаат грешката, не само што нема да кажат дека лажеле, тие исто како Груевски ќе ги обвинуваат сите други, и ќе ја обвинуваат Европската Унија. – беше дециден Ковачевски

-СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. И со таа визија одиме до крај! Нема откажување од европската иднина на Македонија! – порача Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

Advertisements