ДС: Повеќе од 18 месеци ДУИ и СДСМ замајуваа со уставни измени и ништо не направија за напредок на земјата

Демократскиот сојуз оценува дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е реален одраз на состојбите во државата и поради тоа што нема напредок во клучните области, владеењето на правото и борбата против корупцијата, Владата треба веднаш да поднесе оставка.

„Демократскиот сојуз долго време укажува на загрижувачките состојби со високиот степен на криминализација, партизацијата на државната администрација и лошите состојби во судскиот систем и владеењето на правото, како и на застојот во реформите во сите области, вклучително и на потребата од коренити реформи на изборните правила како основа за промени и демократизација на државата.

Повеќе од 18 месеци ДУИ и СДСМ ја замајуваа јавноста со уставни измени, но ЕУ покажа дека оваа власт не направи ништо за напредок на Македонија кон стандардите на ЕУ, да ја подготви државата за отворање на преговарачките кластери и за воспоставување на фундаментите за владеење на правото.

Advertisements

Со прифакање на барањата на Бугарија во Преговарачката рамка дополнитено ги блокираа евроинтеграциските процеси и ги загрозија нашите национални и стратешки интереси“, се вели во реакцијата на Демократскиот сојуз.