ДУИ: Зошто Мицкоски и неговите сопартијци повикуваат на војна против Албанците во 2023 година?

„Изолираниот и осамениот анти НАТО и анти ЕУ, истовремено и анти Албанец според неговите ставови и одлуки, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски одбива и избегнува да се изјасни: Зошто им забранил на неговите градоначалници да соработуваат со Албанци, зошто издал наредба да не се издаваат потврди за легализација на Албанци од страна на неговите градоначалници, зошто издал наредба да не се даваат дозволи за градба за компании чиј сопственик е Албанец, и зошто тој и неговите сопартијци повикуваат на војна против Албанците во 2023 година?“, прашуваат од партиското соопштение од ДУИ.

Од ДУИ велат дека станува збор за долго планирања кампања со најава за војна, којa кулминирала со говор во Собранието на пратеникот Александар Николовски.

„Објавувањето на фотографија во маскирна униформа и со празен калашников беше предвесник на долго планираната кампања со најави за војна од страна на ВМРО ДПМНЕ и барање на 61 пратеник да не бидат ‘условени‘ од Албанците, слично како Никола Груевски своевремено, и го поттикна говорот на Александар Николовски во Собрание во кој што наведеува дека Македонците ќе се кренат во 2023 година“, велат од ДУИ.

Advertisements

Ова, како што велат од таму, е скандалозно однесување од неодговорни предводници на ВМРО ДПМНЕ и треба да се осуди од сите, вклучително и од медиумите, цивилното општество, академската заедница, и сите партии кои што се залагаат за Европска Македонија, членка на НАТО, со еднакви граѓани и во одличен соживот помеѓу сите заедници, мир, стабилност и безбедност, како и економски развој.

„Сите партии освен Левица, се дистанцираат од ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски и неговиот коалиционен капацитет е еднаков на НУЛА и тоа предизвикува нервоза“, оценуваат од ДУИ.