Дваесетгодишник сексуално злоставувал 18 годишно момче – му се заканил и го натерал полово да го задоволува

МВР информира дека вчера во 22.50 часот во Кавадарци, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ф.(20) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека во декември 2022 година со закана принудил 18-годишник од Кавадарци полово да го задоволува, по што со остар предмет му се заканил да не пријавува во полиција.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisements