Според првичните сознанија, двојното убиство во тетовски Челопек е поради нерасчистени имотни односи во семејството.
Ова попладнево го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и најави подетални информации наскоро.
-Во моментот работат колегите во однос на расчистувањето на овој настан, станува збор за нерасчистени имотни односи во едно семејство.Тоа се првичните сознанија кои ни ги пратија колегите од терен. Очекуваме дека наскоро ќе се заокружи целиот процес и ќе имаме детални информации, изјави вечерва Спасовски, за време на работна посета на ЕВР Гази Баба, во одговор на новинарско прашање.
Попладнево двајца беа убиени, а еден е повреден во тетовски Челопек. Од СВР Тетово информираа дека е приведено осомниченото лице. Убиените и повредениот се роднини со осомничениот за убиството и ранување.