И моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество, и моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа, реагира собранискиот спикер, Талат Џафери по рекациите во јавноста откако неговиот син го положи завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители и наскоро може да стане обвинител.
„Јас сум свесен дека моето семејство е на удар на јавноста поради функцијата што ја извршувам. Сензацијата е секогаш поголема кога станува збор за дете на висок функционер. Но како и сите други и моето дете има право да ги користи сите права, да конкурира и да биде примен на работа“, изјави Џафери.
Тој се осврна и на предметот кој го отвори Антикорупциската комисија и рече дека тоа е завршена работа затоа што комисијата го затворила предметот со констатација дека нема докази дека синот на Џафери Блеарт направил било каква злоупотреба.