Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ги повика партиите да размислат за формирање на работна група за договор за изборите.
„Немам намера никого да повикувам, тие треба да бидат одговорни за ова прашање. Мојата одговорност е да распишам редновни избори. Најран датум е 5. мај. Партиите кога ќе се договарат за датум, треба да ги имаат предвид и обврските од Договорот од Пржино за техничка влада “, рече Џафери.
Тој спомена три можни датуми за прв и за втор круг од изборите.
Според него, од денот на распишување на изборите до денот на гласање треба да поминат не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена. Ако првиот круг од претседателските избори се одржи на 14 март, тогаш распишување на изборите треба да биде на 4 јануари 2024 година .Ако бидат на 24 април во првиот и 8 мај за вториот круг, тогаш распишување на избори ќе треба да биде на 27 февруари, што обезбедува најмалку 70 дена до избори.
– Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.
– Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај).
Изборите за претседател се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат на шефот на државата.
-До Нова година треба да имаме консензус по однос на претседателските избори, парламентарните избори се друга приказна и важат други процедури и други рокови и има време до февруари, март – истакна Џафери на денешниот брифинг со новинарите.