Бугарскиот европратеник и копретседател на бугарската партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, денеска во центарот на Скопје, на кејот на Вардар, присуствуваше на чествувањето на 95-годишнината од смртта на македонската револуционерката Мара Бунева, каде пред почитувачите на нејзиното дело одржа говор, порачувајќи дека нема да дозволи „наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Северна Македонија“.
„Се собираме на Кејот на Вардар за да и оддадеме почит на големата Бугарка Мара Бунева и да укажеме поддршка на браќата Бугари во Македонија. Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува“, рече Џамбаски.
Во организиранизација од Фондацијата „Македонија“ претходно се одржа и панихида за револуционерката Мара Бунева во црквата Свети Димитрија во Скопје.
Претседателот на Фондацијата, Виктор Стојанов на социјалните мрежи објави дека стотина Бугарија ја поминале државната граница и се упатиле кон Скопје за да ѝ дадат почит на Бунева
„Обединети и организирани ние можеме да бидеме лидерите на Балканот. Јас сум заглавен на граница и не можам да ја поминам но среќен сум од тоа што го видов. Среќен сум што сме обединети, макар на еден ден за Мара“, вели Стојанов.
Револуционерката Мара Бунева го извршила атентатот врз државниот обвинител на Србија, Велимир Прелиќ на 13 јануари 1928 година.