Џолев е уверен дека расте довербата на граѓаните кон Кривичниот суд – минатата година имале историски најголем број на случаи кои добиле пресуди

„Моето мислење е дека расте довербата, иако анкетите се такви какви што се“, вели претседателот Иван Џолев, коментирајќи ја перцепцијата на граѓаните кон Кривичниот суд.

Џолев информираше дека минатата година имале историски најголем број на случаи кои добиле пресуди.

„Овој суд во 2022 година има решено рекордни, никогаш повеќе судски предмети, во изминатите 50 години, 107 илјади предмети. Има огромен наплив на нови предмети, околу 110.000 предмети. Претходната година кога сме решиле помалку предмети сме биде поажурни, тогаш беа 104 илјади решени предмети. И тоа беше рекорд. Сега имаме помалку судии и повеќе решени предмети“, рече Џолев.

Advertisements

За критиките од Судскиот совет упатени за неажурноста на судот не навлагаше во детали, притоа нагласувајќи дека во Кривичниот суд имаат недостаток од 25 судии.

Џолев не знае кои дали некој од слушателите на Академијата за судии и обвинители, кои се деца на политичари ќе завршат како судии во Кривичен суд.

„Не знам колку судии ќе дојдат, односно ќе бидат избрани за Кривичен суд. Тоа се анализи на Судскиот совет. Тие се доделуваат на секој суд согласно потребите. Во секој суд во Македонија има намален број на судии.“, додаде Џолев.