Е, ова е пријателство: Унгарија „ќе ги преврти сите камења“ Македонија да пристапи кон ЕУ

Северна Македонија и регионот Западен Балкан припаѓаат на Европската Унија која во моментов е сериозно ослабната, а бугарското вето е страшен потег кој го поткопува кредибилитетот порача унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто кој денеска беше во официјална посета на државата.

Сијарто најави дека во периодот кога Унгарија ќе претседава со Унијата, а тоа е втората половина на 2024 година, ќе стори се што е можно да се забрза процесот за прием на нашата држава.

„За нас страшно е што Бугарија го блокираше писмото кое требаше да се испрати на Северна Македонија пред неколку недели. Северна Македонија е земја кандидат 18 година и во осумнаесетте години со кандидатски статус да не ги започне преговорите покажува непочитување кон државата. Ова е контрадикторно на интересите на ЕУ и за тие кои всушност го блокираат стартот на преговорите треба да знаат дека го поткупуваат кредибилитетот на ЕУ. Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ ќе ги превртиме сите камења за да се осигуриме дека пристапувањето на Северна Македонија и целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побрзо“, изјави Петер Сијарто, министер на надворешни работи на Република Унгарија.

Advertisements