ОБНОВЕНО Една убава вест: Двете девојчиња што се изгубија во Скопје се пронајдени, сега се со најблиските

Двете малолетни девојчиња кои попладнево беа пријавени од нивната наставничка дека се изгубиле во Скопје, се пронајдени кај Рампа во Кисела Вода.

„Тие во моментов се наоѓаат во полициската станица Беко, во Центар со најблиските“, објави на Фејсбук Кире Михаилов.

Девојчињата, А.Ј (12). и Р.И (14) од струмичко биле дојдени на екскурзија во Скопје, а последен пат, како што беше објавено на социјалните мрежи, биле видени кај ТЦ Веро Џамбо.

Advertisements

Девојчињата, според објавата на Фејсбук биле малку исплашени, но се во добра состојба.