Вчера во 18:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец, товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од с.Романовце, кумановско, Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од с.Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што го напуштило местото.
На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Со телесни повреди се здобиле Б.Џ. и Ш.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...