Елена Доцевска Божиновска, член на Советот на Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која во2017 година беше притворена поради учество во насилниот упад во Собранието на 27. април истата година на социјалните мрежу објави дека ја добила битката пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
„Ја добивме битката во Стразбур! Може да забави, но не и да се заборави… После повеќе од 5 години, стигна првата пресуда за „27. април“ од Европскиот суд за човекови права!“, вели Божиновска на својот профил на Фејсбук.
Таа објаснува дека според пресудата, прекршен е Член 5 став 4 од Европската конвенција за заштита на човековите права по повеќе основи при назаконско определување притвор, негово преиначување, негово продолжување и дека имало бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка…
„Поминаа 5 години… во претходната фаза од постапката, минатата година ми беше понудена спогодба. Ја одбив без размислување! САКАМ ПРАВДА, НЕ ПАРИ“. Голема сатисфакција ми е напишаното на тоа парче хартија, сериозна потврда за тоа што беше и е евидентно од самиот почеток дека се работи за монтиран политички процес, со ѕверски притвори, уште поѕверски воден судски процес во крајно нехумани услови и околности (рочишта секој ден во низа, по 10-12 часа, без храна и вода…), драконски изречени казни за недокажано дело. Пресудата е печат на тоа што повеќе од 5 години го кажуваме, што засекогаш ќе се раскажува како најголема неправда во историјата на македонското правосудство и нешто што никогаш не смее да се повтори, пишува Доцевска-Божиновска.
Понатаму, таа вели дека во услови на 4 отсто доверба во судството, кршење и непочитување на закон, Устав на дневно ниво веќе, не, не би покренувала постапка и не би чекала правда од некој што е слеп пред неа, не би чекала примена на закон, од некој што го крши и применува по нарачка од штаб.