Ескобар утре во Македонија на разговори со Ковачевски, Пендаровски и Мицкоски

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Македонија. Ескобар ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, потврдиле за МИА од кабинетот на шефот на државата.

Предвидено е да има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доаѓањето на Ескобар на Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Advertisements
Пленарната седница за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот почна на 18 август.
Дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата, претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

За усвојување на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, што е единствена точка на 123 седница, неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази за промена на Уставот.