Метео прогноза на Славчо Попоски:
Во изминатиот период бевме сведоци на огромна промена на времето која услови обилни врнежи од дожд и снег, како и намалување на температурите дури за повеќе од 20 степени, а во регионот дури и за 30 степени.
За среќа, во деновите кои се пред нас иако наутро ќе биде посвежо, сепак не очекуваме појава на мраз, со исклучок на високите места и планините каде е можна појава на слаб до умерен утрински мраз. Преку ден ќе биде потопло, но повторно очекуваме променливо време со повремени врнежи, кои особено утре на повеќе места ќе бидат и пообилни.
Максималните дневни температури утре како што и наведовме во нашата последна метео анализа ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Потоа од среда максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи ќе имаме вистински пролетни температури на воздухот, но како што наведовме погоре, и понатаму во деновите по утрешниот ден ќе имаме услови за повремен локален дожд.
И во Скопје и околината од среда очекуваме потопло време преку ден, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 20 степени.