Tука сме во Ѓорче Петров каде што направивме средба со пензионерите и ги истакнаа сите проблеми со кои се соочуваат како пензионери и тоа од немањето капацитети во старските домови, до поддршката која треба да си ја имаат како стари лица, ова во изјава за медиумите го вели дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.
„Она што е главно барање на нив е висината на нивните пензии кои што верувајте се многу мали, односно дури две третини од пензионерите во Македонија и тука во Ѓорче Петров имаат пензии под минималната плата, односно под 20 илјади денари и тоа е главното нивно прашање дали 5 илјади денари кои се предвидени во изборната кампања ќе бидат испочитувани и дадени во првата година“, вели Велковски.
Тој додава дека тоа е ветување кое можат да го дадат и дека тие пет илјади денари ќе бидат основица на нивните пензии уште во првата година од овој мандат.
Во паркот во Ѓорче Петров имавме одлични и корисни разговори со пензионерите од Општина Ѓорче Петров, заедно со Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и градоначалникот Александар Стојкоски, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот ФБ профил.
Пензионерите, напиша тој, се крајно разочарани од лошиот и игнорантски однос што го добиваат изминатите години од страна на владата на СДСМ и ДУИ.
– Пензионерите не заслужуваат да бидат дистанцирани, понижени и излажани.
ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижи за пензионерите, така ќе биде и после двојната победа на претседателските и парламентарни избори. Затоа се обврзуваме во првата година од мандатот зголемување на пензиите од 5.000 денари за СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ. Пензионерите заслужуваат подостоинствен живот!, порача Мисајловски.